Џонсон: Очекувајте руска инвазија на Украина во наредните денови

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе договори пакет итни санкции против Русија на денешниот состанок на владиниот Комитет за одговор на кризи (КОБРА), изјави портпаролот на неговата канцеларија, цитиран од Ројтерс.

„Премиерот ќе претседава со состанокот на КОБРА во 6:30 часот за да се разговара за неодамнешните случувања во Украина и да се координира одговорот на Велика Британија, вклучително и договор за сериозен пакет санкции што треба веднаш да се воведат“, додаде портпаролот.

Џонсон во телефонски разговор со украинскиот премиер Денис Шмигал рече дека смета дека е можна руска инвазија на Украина во наредните денови и часови.
Британскиот премиер додаде дека остро ја осудува одлуката на Кремљ да ги признае двата отцепени региони во источна Украина како независни „држави“.

Џонсон му рекол на Шмигал дека Велика Британија веќе подготвила список со санкции против оние кои го нарушиле територијалниот интегритет на Украина и дека мерките ќе стапат на сила денеска.

Британскиот премиер истакна дека ќе размисли за испраќање дополнителна воена опрема во Украина во случај украинската влада да го побара тоа.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус телефонски разговарала со својот украински колега Дмитро Кулеба за поддршката на Велика Британија за Украина, а двајцата разговарале за санкциите што Лондон ќе ги воведе кон Русија. Трас рече дека се согласила со европскиот министер за надворешни работи Хосеп Борел дека Велика Британија и Европската унија треба да ги координираат нивните напори за брзо воведување санкции кон Русија.

„Се договоривме да ги координираме нашите напори и брзо да усвоиме санкции против режимот на Путин, стоејќи рамо до рамо со Украина“, напиша Трус на Твитер по телефонскиот разговор со Борел.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа