Почнаа да си ги вадат очите во ЕУ за руската навта!Министер за надворешни работи: Потребен ни е рускиот гас!
На сите во Европа и преку океанот треба да им биде јасно дека во овој дел на Европа постојат реалности за зависнот од инфраструктурата и постоечките извори на енергија. Во нашиот регион одлучувачки фактор е гасот што доаѓа од Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тоа може да се промени, но ќе бидат потребни многу години. Затоа не сакаме да прифатиме одлуки кои ќе важат за граѓаните на Унгарија или Србија. Кога зборуваме за енергијата во Брисел, ги застапуваме и интересите на Србија, рече Сијарто.
-Доколку на компаниите со мнозинска руска сопственост не им се овозможи да увезуваат руска нафта, што е една од можните мерки, денес веќе разговараме за идните потези, ќе договориме укинување на царините за увоз на нафта од трети земји. Верувам дека ќе можам да разговарам со шеикот Бин Зајед, за да видам дека испорачуваме нафта од различни извори. Меѓутоа, тогаш се поставува логистичкото прашање, како ќе го испорачаме, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.