Бргу сите на бензиска! Вечерва повторно е планирано покачување на горивата! Дизелот ќе биде над 100 денари

Ниту вечерва граѓаните нема да можат да спијат поради новото поскапување на цената на горивата.

Како и во текот на вчерашниот ден, Регулаторна ја крие својата одлука како змијата нозете со цел да се избегнат редиците на автомобили пред бензиските пумпи како и недостатоците на гориво кои во изминатите денови се јавија на голем број бензиски пумпи ширум државата.

 

Вечерва горивото повторно се зголемува за околу 3 денари што значи дека вчерашната мерка на Владата на Димитар Ковачевски за намалување на цената на горивото за околу 10 денари со намалување на давачките не само што е веќе целосно анулирана туку горивото ќе биде поскапо и од цената пред оваа мерка да треба да стапи на сила.

И додека граѓаните мака мачат да ги наполнат резервоарите на своите автомобили Владата и Регулаторна очигледно имаат слух само за сопствениците на големите ланци на бензиски пумпи кои отворено се заканија дека ќе ја руинираат економијата.

-Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4.5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното функционирање на општеството, постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок, велат од Макпетрол

Макпетрол предупредува дека ваквото намалување на маржата може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а таа опција „сериозно ја разгледуваат“ и во најголемата нафтена компанија.

„Ваквите мерки, кои што регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која што особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и ‘Макпетрол’ сериозно ја разгледува“, соопштија од нафтената компанија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа