Денес ќе падне договор? ЛАВРОВ ПРИСТИГНА ВО АНТАЛИЈА: Денеска три круга средба на министрите за надворешни работи на Русија, Украина и Турција
Шефот на руската дипломатија заедно со руската делегација слета на аеродромот во Анталија, а се очекува пристигнување и на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Анталија каде денеска со посредство на Турција ќе се одржи трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Русија, Украина и Турција, јавува Анадолија.
Шефот на руската дипломатија заедно со руската делегација слета на аеродромот во Анталија, а се очекува пристигнување и на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Лавров, Кулеба и нивниот турски колега Мевлут Вуавушоглу утре ќе одржат трилатерална средба во салонот каде се сретнаа светските лидери како поранешниот американски претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин во рамки на Самитот на Г-22.