Путин боледува од пореметување на мозокот предизвикано од деменција, Паркинсонова болест или „изливи на гнев“ како последица на стероидно лекување на рак.
Разузнавачката заедница споделува сè поголем број извештаи за „сè понепредвидливото однесување“ на Владимир Путин, во комбинација со надуениот изглед на неодамнешните снимки – и апсурдната дистанца што тој инсистира да се држи подалеку од посетителите на Кремљ, објави Дејли Меил.
Се тврди дека Путин ги ставил шефот на ФСБ Сергеј Беседа и неговиот заменик Анатолиј Бољук во домашен притвор откако ги обвини за пропусти на разузнавачките служби поради кои неговата армија претрпе порази во Украина.
Разузнавачките податоци, кои Дејли Мејл наведува дека им биле предадени на високи британски политичари, укажуваат на тоа дека Путин претрпел „психолошко влошување предизвикано од физиолошки фактори“.
Тие теоретизираат дека Путин или боледува од болест на мозокот, како што е Паркинсонова болест или форма на деменција, или дека има рак и дека медицинскиот третман што го добива му ја променил рамнотежата на умот.
Најновата теорија, која британското разузнавање ја смета за веродостојна, е дека менталното влошување е последица на „изливите на гнев“ предизвикани од продолжената употреба на стероиди.
Изворите велат дека одлуката на Путин физички да се изолира од посетителите е знак на страв од „коморбидитети“ – други сериозни здравствени состојби кои би можеле да го зголемат ризикот од смрт – или употреба на лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, оставајќи го отворен за инфекции.
Дејли мејл објави, повикувајќи се на разузнавачки извори, дека Владимир Путин боледува од мозочно нарушување.
Како што се наведува, Путин боледува од пореметување на мозокот предизвикано од деменција, Паркинсонова болест или „изливи на гнев“ како последица на стероидно лекување на рак.
Повикувајќи се на извори блиски до Кремљ, високи функционери на Алијансата „Пет очи“, која ја сочинуваат Канада, Австралија, Нов Зеланд, САД и Велика Британија, веруваат дека има психолошко објаснување за одлуката на рускиот претседател да ја нападне Украина.