Претседателот на Франција, Емануел Макрон не исклучува почеток на голема војна во Европа
„Нашите сили се единствената полноправна армија на европскиот континент. Мораме да се подготвиме за можен вооружен конфликт со висок интензитет и да ги зголемиме инвестициите во армијата“, рече тој.
Макрон рече дека конфликтот меѓу Украина и Русија ќе доведе до криза со храна во следните 12 до 18 месеци, а ќе се почувствува и во Африка, на Блискиот Исток.