РОБЕРТС: Ако Путин го запре снабдувањето со енергија – Западот ќе бара милост на колена

Прекумерната зависност на западните земји од руската енергија и дава шанса на Москва да добие што сака, изјави Пол Крег Робертс, поранешен помошник за економска политика на американскиот министер за финансии за време на владеењето на Роналд Реган.

Робертс понатаму истакна за The Unz Review:

„Доколку Русија целосно престане да снабдува нафта, природен гас и минерали, Западот наскоро ќе мора да моли за милост и да се согласи на се што бара Москва.

Робертс тврди дека странските инвестиции водат само до осиромашување на Русија, бидејќи приходите од нив се враќаат во странство и се изнесуваат надвор од земјата.

Според него, Москва сега има извонредна шанса да ги искористи санкциите и конфискацијата на депозитите на руските банки за да ги национализира сите странски инвестиции и да ја врати сопственоста на своите ресурси.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа