Борис Стојменов ги открива тајните на криминалната приватизација: Како илјадници евра беа украдени од секое македонско семејство!

Славејќи ја мината година, 30 годишнината од денот на независноста и самостојноста на Р. Македонија, тргнувајќи од мислата на Мисирков “што направивме и што треба да направиме во иднина за нашата држава” како сведок на тие случувања, во продолжение ќе се обидам да го дадам моето согледување и мислење како за процесот на остварување на самостојноста и независноста на македонската држава, така и за функционирањето на истата во изминатите 30 години.

Во втората половина од 80 – тите години почнаа тенденците и процесите на распадот на СФР Југославија. При крајот на тие години овие процеси и настани почнаа и во Социјалистичка Република Македонија.

Распадот на СФР Југославија не се одвиваше по договор со Републиките како што беше создадена истата.

Во почетокот пред да почне процесот на распадот постоеа воглавном две мислења и тоа:

1. Да се спречи распадот, односно да се обезбеди понатамошно постоење и функционирање на СФР Југославија

2. Да се изврши распадот преку осамостојување на сите републики како делови на СФР Југославија

Покрај горните мислења постоеа и мислења за создавање на конфедерации или Мини Југославија.

Не се постигна никаков договор, така да почна распадот.

Распадот се одвиваше со одлуки не на договори, туку со донесување на одлука од Републиките и војни на просторите на Југославија.

Во такви услови почна и процесот на создавање на самостојна и независна Р. Македонија.

Горните процеси имаа директно влијание врз падот како на југословенската така и на македонската економија.

Главни носители и чинители во создавањето и осамостувањето на Р. Македонија беа Претседателот на државата Киро Глигоров и Претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија Стојан Андов. Во овие настани зедоа учество Љубчо Георгиевски Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Бранко Црвенковски Претседателот на СДСМ, Никола Кљусев Претседател на експертската Влада на Р. Македонија и други.

На процесот на создавање на независноста и самостојноста на Р. Македонија (преку референдумско изјаснување) претходеше:

• Донесување на Декларација за сувереноста на Социјалистичка Р. Македонија донесена на ден 25 јануари 1991 година во Собранието на социјалистичка Република Македонија по иницијатива на Стојан Андов кој претходно се договорил со Слободан Милошевиќ, со одредени резерви од Киро Глигоров и Љубчо Георгиевски.

• Одредени недоразбирања околу одржувањето на референдумот имаше помеѓу Глигоров и Љубчо Георгиевски од една страна и Стојан Андов од друга страна.
Во продолжение ќе ги дадеме документите што беа донесени за прогласување на самостојноста и независноста на Р. Македонија.

• Декларација за сувереност на СРМ
• Референдумот одржан за независноста на Р. Македонија (Уставното име беше СРМ)
• Устав на Социјалистичка Република Македонија
• Устав на Република Македонија

Од горните настани едно е битно, создавањето на независноста и самостојноста на Социјалистичка Република Македонија се оствари со разногласие на главните носители за создавање на тој историски настан како вековен идеал за создавањето на независна и самостојна македонска држава.

Но тие разногласија подоцна ќе имаат голем придонес за проблемите со кои се судруваше македонската држава и нејзините граѓани во текот на создавањето и идното функционирање на самостојната и независна Република Македонија.
Во процесот на создавањето на новата држава постоеа две опции и тоа:
1. Да се продолжи со социјалистичкото уредување кое е создадено уште 1945 година и кое се темелеше на:

• На работничка класа
• Постоењето на општествена сопственост со која управуваше и располагаше работничката класа

2. Капиталистичкото уредување и пазарно работење кое се темели на приватна сопственост на средствата или конкретно создавање на независна, самостојна, демократска и социјална држава.

За напуштање на првата опција односно напуштање на социјалистичкото уредување на Р. Македонија беа едногласни сите носители во тој процес.

Со напуштањето на социјализмот:

• Се укинува работничката класа
• Се укинува општествената сопственост на средствата за производство со кое располагаше и управуваше работничката класа

Овие два вида на политичко, економскои социјално уредување на самостојната и независна Република Македонија ќе создадат огромни проблеми при нејзиното функционирање.

За да оваа промена (транзиција)создаде помалку проблеми и е побезболна треба да се изберат и донесат најдобрите средства за таа промена.

Со уставниот закон за примена на Уставот на Р. Македонија како најсоодветно средство се избра приватизацијата на општествената сопственост во приватна. Тоа средство што беше избрано не е случајно, бидејќи истото се применуваше и во СФРЈугославија (Законот за приватизација наречен Закон на Марковиќ) и со тој закон главни учесници во приватизацијата беа:

• Работничката класа
• Пензионерите

Со тој закон беше ограничен износот на акции кои може да ги купи директорот на фирмата, а тој износ беше 15.000 евра

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА СР МАКЕДОНИЈА

Македонската економија беше средно развиена земја во која беа развиени

1. Тешката индустрија
2. Тешката обоена индустрија
3. Развиена хемиска индустрија
4. Развиено градежништво
5. Развиена текстилна индустрија
6. Развиено земјоделие и сточарство
7. Развиени преработувачки капацитети
8. Развиено водостопанство
9. Развиена електроиндустрија

Во горните области имаше големи претпријатија (гиганти) кои беа помеѓу поголемите претпријатија во тогашна Југославија.

Тие гиганти беа на светско ниво, а бројот на тие претпријатија изнесуваше 67, а во истите беа вработени над 497.000 вработени.

Покрај горните претпријатија имавме и претпријатија кои произведуваа текстилни (памучни, волнени, свилени) производи во кои беа вработени над 94.000 вработени.

Македонија исто така имаше развиена внатрешна и надворешна трговска мрежа.
Карактеристично за тогашната македонска економија беше тоа што овие претпријатија беа лоцирани во секое поголемо или помало населено место.

Така се случуваше во малите градови или села да има две, три или повеќе задруги и претпријатија. Извозот кој го остваруваа преку тие фирми и после 30 години НЕ Е ДОСТИГНАТ во самостојна Македонија.

Во таа СР Македонија КОРУПЦИЈАТА И СИВАТА ЕКОНОМИЈА беа сведени на НУЛТА ТОЧКА:
Бруто домашниот производ (БДП) остварен во СР Македонија во тоа време, во изминатите 30 години од осамостојување НЕ Е ПОСТИГНАТ.

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПРИВАТИЗАЦИЈАТА

Пред да ги изнесеме конкретните политички средства кои се применија, ќе се задржиме накратко како изгледаше македонската економија.

Македонија беше средно развиена земја во која беа застапени скоро сите индустриски области и гранки. Скоро во секоја градска населба имаше по едно или повеќе претпријатија. Во тие претпријатија беа вработени над 70.000 вработени.

Во Македонија беше развиено земјоделството, водостопанството и сточарството. Во Македонија имаше над 35 земјоделски комбинати во кои беа вработени над 120.000 вработени.

Македонија имаше развиена текстилна индустрија која вработуваше над 50.000 вработени.

Македонија имаше 6 огромни градежни претпријатија кои вработуваа над 25.000 вработени.

Сточарството исто така беше развиено и во Македонија имаше над 1. 000 000 овци и кози. Во Македонија имаше и голем број на краварски и свињарски фарми.
Бог за Македонија бил многу дарежлив, дури и се заборавил во таа дарежливост. Така Македонија е богата со сонце, вода, и тоа ладни и топли води, вода за наводнување, вода за производство на струја, со еден збор земја со многу природни богатства. Вода, земја, клима што обезбедуваат високо квалитетни индустриски производи, развиено земјоделство и сточарство, развој на производство на енергија и храна.

Горните природни богатства на Македонија обезбедуваат РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА И ТОА

• Развој на земјоделството и преработувачките капацитети
• Развој на индустријата за преработка на земјоделските и сточарските производи
• Развој на индустријата за производство на електрична енергија
• Развој на бањскиот туризам
• Рамномерен развој на цела Македонија

Во продолжение ќе видиме дали горните фактори односно богатства на Македонија биле основен фактор во идното планирање на политичкото и економското уредување на новата држава.

СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА САМОСТОЈНАТА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

Во соработка со Светската банка и меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кого имавме соработка и ангажмани беше донесена стратегија за развој на Р.Македонија како држава.

1. Да се обезбеди зголемување на споспобноста и ефиканоста на државата за да истата преку реформи да обезбеди:

• Мала, способна, и ефикасна администрација и департизација на истата
• Да обезбеди правична распределба на националниот доход
• Да обезбеди правична приватизација на општествениот капитал
• Да обезбеди одржлив економски раст
• Да обезбеди квалитетни јавни услуги кои ги дава на ѓраганите и тоа услуги во:

1. Развој на образованието, здраството, културата и други области.
2. Да обезбеди намалување на сиромаштијата.
3. Да обезбеди развој на пазарната економија.
4. Да обезбеди раст на извозвот кој е темел на развојот на вкупната економија.
5. Да се грижи за обемот и структурата на буџетот на Р. Македонија како инструмент на економската политика и раст на БДП.
6. Да се воведе рестриктивна монетарна политика и фиксен курс на денарот
Во продолжение ќе се задржиме на политичкото и економското уредување на Р. Македонија.

Основните инструменти за создавање на новото политичко и економско уредување на Р. Македонија беа:

• Приватизацијата на општествената сопственост
• Воведување на пазарната економија

ПРИВАТИЗАЦИЈА ПО ЗАКОНОТ НА МАРКОВИЌ

Во текот на создавањето на самостојноста на Р Македонија, се вршеше приватизација на општествените средства по Законот на Марковиќ.
Како што веќе истакнавме во таа приватизација учествуваа работниците и пензионерите.

Со таа приватизација беше ограничен износот на акциите (капитал) што можат да ги купат директорите во претпријатијата или конкретно директорите можеа да купат капитал најмногу во износ од 15.000 евра.

Таа приватизација не дозволуваше да се создадат капиталисти.

Со таа приватизација беше приватизирано 14% од вкупниот износ на општествените средства во Р. Македонија.

Против приватизацијата на општествениот капитал со Законот на Марковиќ беа сите носители на процесот на создавањето на новото политичко уредување, а посебно на економското уредување на Република Македонија.

Во врска со донесувањето на новиот Закон за приватизација, за мене големо изненадување беа главните носители Киро Глигоров и Стојан Андов.

Во еден разговор што на мое барање го одржав со Киро Глигоров, го прашав како тој како револуционер и творец на социјализмот во 1945 година, како човек кој го создал социјализмот и во истиот вршел највисоки државни функции сега се јавува како борец за укинување на социјализмот. Тој ми одговори дека сега тој не одлучува, туку одлучуваат условите без чија примена тешко може да создадеме нова држава.

Методот на приватизација што го предлагаше не одговараше на неговите изјави. Се разделивме секој со своите ставови, но јас му реков дека сум против Законот за приватизација кои го предлагаат.

Со оглед на тоа што приватизацијата на општествениот капитал по Законот на Марковиќ, не создаваше капитализам односно капиталисти, а основна цел на предлагачите на новиот закон (Глигоров, Андов, Црвенковски, Љубчо Георгиевски) беше создавање на капиталисти, тие го предлагаа новиот Закон за трансформација на општествениот капитал. А тие капиталисти треба да бидат менаџерите (директорите) во претпријатијата.

Забелешка : На тој Закон, Јас заедно со Шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поднесовме НОВ Закон (преку Амандмани) со кои предложивме ограничување на износот што можат да го купат директорите, односно делотда изнесува најмногу 3% од вкупниот капитал што се приватизира ишто можат да го купат директорите сите заедно, а при тоа попуст на тој износ што се купува да нема.

Тој наш Закон (амандмани) беше одбиен, против него гласаше Љубчо Георгиевски, Доста Димовска и Борис Змејковски како и други членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот Закон беше усвоен од Собранието.

Во продолжение ќе дадам краток осврт на содржината на приватизацијата извршена со тој Закон.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА СПОРЕД МАКЕДОНСКИОТ ЗАКОН ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА

Приватизацијата на општествениот капитал се изврши врз основа на пазарната вредност, но беше пропишано приватизацијата да се изврши и по корегирана книговодствена вредност и тоа со зголемување на книговодствената или со намалување на книговодствената вредност, или практично намалување на пазарната и сметководствената вредност.

Најчесто беше применувана методата на КОРЕГИРАНА КНИГОВОДСТВЕНА ВРЕДНОСТ, ОДНОСНО НАМАЛУВАЊЕ НА КНИГОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ.

Дополнително утврдената вредност се НАМАЛУВАШЕ:

• ПОПУСТОТ од 50% до 99% на утврдената вредност , која го правеше Агенцијата за приватизација
• За плаќање со заробени девизи од 15% до 25% се намалуваше вредноста на приватизираните средства
• Со плаќање во готово 10%

Во продолжение ќе се задржиме конкретно на приватизацијата на општествениот капитал.

Приватизацијата се вршеше врз основа на КНИГОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ, која беше далеку помала од вистинската пазарна цена. Многу ретко се вршеше приватизацијата по пазарна вредност.

Претпријатијата беа должни да поднесуваат и годишни сметки до Заводот за платен промет.

Според книговодствените податоци износот на вкупните средства кои требаше да се приватизираат изнесуваше НАД 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.

1. Вредноста на средствата коишто беа предмет на приватизацијата изнесуваше 9,47 МИЛИЈАРДИ ЕВРА. (КНИГОВОДСТВЕНА ВРЕДНОСТ)
2. ВРЕДНОСТА НА ГОРНИТЕ СРЕДСТВА УТВРДЕНИ СО ПРОЦЕНКАТА НА ТАА ВРЕДНОСТ ИЗНЕСУВАШЕ 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
3. ИЗНОСОТ НА НАМАЛУВАЊЕТО НА КНИГОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ УТВРДЕН СО ПРОЦЕНКАТА БЕШЕ 7,24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
4. ОДОБРЕН ПОПУСТ (НАМАЛУВАЊЕ) ИЗНЕСУВАШЕ 1,25 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
5. ИЗНОС НА СРЕДСТВА ШТО СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРИВАТИЗАЦИЈА ИЗНЕСУВА 1,25 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
6. ИЗНОСОТ НА СРЕДСТВАТА КОИ СЕ ПЛАТЕНИ СО ЗАРОБЕНИ ДЕВИЗИ 0,475 МИЛИОНИ ЕВРА
7. ИЗНОСОТ НА СРЕДСТВАТА ШТО СЕ ПРИВАТИЗИРААТ ИЗНЕСУВАШЕ 755 МИЛИОНИ ЕВРА
Според тоа со приватизацијата е ИЗВРШЕНО НАМАЛУВАЊЕ, И ПОПУСТОТ ВО КОРИСТ НА КУПУВАЧИТЕ ВО ИЗНОС ОД 8,71 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
ТОЈ ИЗНОС Е ЛЕГАЛЕН ГРАБЕЖ НА ОПШТЕСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА.

Меѓутоа се поставува прашањето ДАЛИ КУПУВАЧИТЕ НА ТИЕ СРЕДСТВА ПЛАТИЈА ДАНОК?
НЕ, ТИЕ НЕ ПЛАТИЈА НИКАКОВ ДАНОК!!!

А дали требаше да платат данок?

Требаше да платат данок, а еве и ЗОШТО?

Според член 94 од Законот за персонален данок е пропишено “ако на тие стекнати средства (имот) не платиле, должни се да платат данок по стапка од 70% од пазарната вредност.

Во продолжение ќе го пресметаме тој данок.

Пазарната вредност на тие средства изнесува 9,47 милијарди евра, по стапка од 70% тој ДАНОК ИЗНЕСУВА 6,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА и ако на истиот износ на данок се пресмета казнена камата тој данок ЌЕ ГО НАДМИНЕ ИЗНОСОТ ОД 9,47 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
Со горната приватизација, која со неплатениот данок изнесува над 19 милијарди ЕВРА, беше оштетена државата и сите граѓени на истата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа