ДАЛИ СЕ СПРЕМА ГОЛЕМА ВОЈНА? НАТО ОДЛУЧИ: Четири борбени групи одат во Источна Европа, три на границите на Србија! ЕДНА ДРУГА ОДЛУКА МОЖЕ ДА ВОДИ ДО ГОЛЕМА ВОЈНА
Четири борбени групи ќе бидат распоредени во Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка, беше одлучено денеска во НАТО.
НАТО ќе и предаде на Украина опрема за заштита од хемиско, биолошко и нуклеарно оружје, како и средства за сајбер заштита, соопштија на прес-конференција на крајот од самитот на НАТО во Брисел.
Генералниот секретар Јенс Столтенберг потсети дека украинскиот претседател Владимир Зеленски побарал дополнителна воена помош од НАТО, наведувајќи дека алијансата ќе ја обезбеди.
НАТО ќе и предаде на Украина опрема за заштита од хемиско, биолошко и нуклеарно оружје, како и средства за сајбер заштита, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција на крајот од самитот на НАТО во Брисел.
Според него, оваа помош опфаќа средства за откривање, заштита и медицинско снабдување, како и справување со кризи.
„Одлучивме да обезбедиме поголема поддршка на Украина, меѓу другото, за одбрана од сајбер закани, биолошко, хемиско и нуклеарно оружје “, рече Столтенберг.