За да се забави стареењето на мозокот, неопходно е да се зголеми процентот на храна која содржи омега-3 масни киселини. Ги има во мрсната риба – лосос, скуша, харинга и туна, пишува иноСМИ, повикувајќи се на Eat This, Not That.
Омега-3 масните киселини помагаат да се спречи оштетување на меморијата. Врвот на капацитетот на човековата меморија е во периодот од 20 до 30 години. Тогаш способноста за паметење информации станува послаба. Многу луѓе забележуваат дека меморијата им се влошила околу 40-тата година од животот. За да го забавите овој процес, треба да го збогатите мозокот со омега-3 масни киселини.
Масните киселини му помагаат на мозокот да произведе повеќе нови клетки. Ова придонесува за одржување на меморијата во работна состојба и здравјето на мозокот воопшто.
Според студиите, редовното консумирање на мрсна риба е превенција од деменција и Алцхајмерова болест – болести поврзани со возраста и нагло влошување на способноста на мозокот да запомни информации.
Сепак, омега-3 масните киселини не се добри само за умот. Тие исто така го намалуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и артритис.
Во аптеките можете да купите разни додатоци во исхраната со омега-3 масни киселини, познати како рибино масло. Но, според Националниот институт за здравје во Мериленд, САД, јадењето мрсна риба е многу поздраво. Тоа е затоа што рибата е богата со други важни хранливи материи за мозокот, освен омега-3.