ТЕНКОВИ И ЕДИНИЦИ ВЕЧЕРВА ВЛЕЗЕ И ДРУГА РУСКА ВОЈСКА ВО УКРАИНА: Решиле со сите сили да се вклучат во конфликтот (ВИДЕО)
Учесници во воениот конфликт во Украина до вечерва беа само припадници на руската и украинската армија и разни доброволни и платенички единици, но ситуацијата е променета.
Владата на самопрогласената држава Јужна Осетија испрати свои војници да се вклучат во воениот конфликт. Тие денеска во текот на денот ја минаа територијата на Руската Федерација и вечерва беа распоредени на фронтот.
Се претпоставува дека воените единици на Јужна Осетија ќе започнат борбени операции на фронтовите во Доњецк и Луганск. Јужна Осетија официјално е дел од Грузија, која прогласи независност во 1991 година.