Русија нема да испорачува гас бесплатно доколку европските земји одбијат да го платат гасот во рубљи, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Недвосмислен факт е дека нема да испорачаме гас бесплатно. Тоа може да се каже со апсолутна сигурност“, одговори портпаролот на прашањето на новинарите дали е можно да се одбие испораката на гас во таква ситуација со Европа.
Според него, Москва работи на детали за испораката на гас до непријателските земји за рубли, но ако Европа одбие да плати во руска валута, Русија нема да се занимава со добротворна работа.
„Во нашата ситуација, тоа е тешко возможно и тешко е целисходно да се вклучиме во паневропска добротворна работа“, објасни тој.
На прашањето што би направила Москва доколку Европа одбие да го плати гасот во рубли, Песков одговорил дека Русија ќе ги реши тие проблеми доколку се појават, пренесува Спутник