Павле Трајанов се скара со СДСМ: МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ПОПИШАА! НЕ ГО ПРИЗНАВАМЕ ПОПИСОТ

ДС: Повеќе од 130 илјади Македонци не се попишани, пописот е неуспешен

Според првичните анализи на објавените податоци од пописот оценуваme дека тие не се одраз на фактичката состојба. Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани, се вели во реакцијата на Демократскиот сојуз по објавувањето на резултатите на пописот.

„Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста. Има многу фактори кои влијаеа да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола…

Предлагаме да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис“, предлага Демократскиот сојуз.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа