Апасиев ја прозва МПЦ за пописот: Дедо Стефан, се слушаме?

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, и денеска реагираше за резултатите од пописот, прозивајќи ја МПЦ-ОА зошто не реагира за општата категорија „христијани“ во која се попишани 242.579 граѓани или 13,21 отсто од резидентното население.

„А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? Или, со зградуријата кај „Холидеј Ин“ им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?“, напиша Апасиев на фејсбук.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа