Познатиот српски доктор-пулмолог и поранешен професор на Медицинскиот факултет во Белград, Бранимир Несторовиќ, преку својот профил на мрежата VK, едноставно ја шокираше Србија, но и целиот регион.
Неговиот напис ви го пренесуваме во целост во продолжение:
„Почитувани,
Би ве замолил да престанете да ме советувате околу мојата поддршка за Двери (српска политичка партија). Имам 67 години и не сум дементен, одговарам за своите постапки. Кој сака ќе гласа за, а кој не, за некоја друга опција. А има само две опции, ЗА или ПРОТИВ. Некои пишуваат дека сум се изјаснил против вакцинацијата затоа што работам за Вучиќ, некои за да ја разбивам опозицијата. Понекогаш помислувам нешто што ми го кажал некој паметен човек, дека Србите не заслужуваат некој да се жртвува за нив. И кога присилно ќе ве вакцинираат наесен, затоа што Србија склучила договор со Светската здравствена и Шваб и ќе ве чипираат, немојте да се жалите. Седете дома и пишувајте коментари,“ завршува проф. д-р Бранимир Несторовиќ.