Во германскиот Бундестаг денеска беше официјално потврдено – Германија размислува да испрати воен
контингент во Босна и Херцеговина, во рамките на ЕУФОР.
Берлин тоа го оправдува со грижата за мирот и стабилноста на БиХ, пренесува РТРС.
„Го поздравуваме зајакнувањето на воената мисија во БиХ и размислуваме за вклучување на
германската армија во операцијата. Германија е загрижена поради плановите за
сецесионизам. Тоа е напад врз единството, мирот и стабилноста на БиХ, Западен Балкан и
Европа“, изјави Ана Лирман, државен секретар за Европа во германското Министерство за
надворешни работи на седницата на Бундестагот посветена на БиХ.