Протекоа ИНФОРМАЦИИ ОД ПЕНТАГОН: „Ги видовме, Русите го засилуваат присуството“, се подготвува НОВА ОФАНЗИВА на руски војници!
Руските сили го засилуваат своето присуство околу Донбас, особено во близина на стратешкиот град Изум, но сè уште не започнале офанзива за преземање целосна контрола. Ова денеска го изјави неименуван функционер на американското Министерство за одбрана.
– Видовме дека Русите го засилуваат своето присуство во Донбас – изјави неименуван функционер кој спомена колона тенкови северно од Изум.
Пентагон верува дека тенковската колона вклучува командни и контролни елементи, баталјон за поддршка за одржување на хеликоптер и пешадиски логистички баталјон.