Украинските власти синоќа го објавија апсењето на 67-годишниот Виктор Медведчук, кој веднаш по почетокот на руската инвазија избега од домашен притвор и бегаше до вчера.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и понуди на Москва размена на украинскиот пратеник и бизнисмен Виктор Медведчук, близок на Владимир Путин, приведен од властите во Киев, со Украинците заробени во Русија, пренесе АФП.
„Предлагам на Руската Федерација да го размени овој човек за нашите синови и ќерки, кои моментално се во заробеништво во Русија“, рече Зеленски во видео пораката до Телеграм.