Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека западните земји дале автогол со воведување санкции кон Русија.
Тој рече дека тоа довело до „влошување на економијата на Западот“. Зборувајќи за состојбата на домашната економија на Русија, Путин рече дека инфлацијата се стабилизира и дека побарувачката на мало во земјата се нормализира, пренесе Ројтерс.
Западните земји воведоа тешки санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина. Претходно Путин преку видео врска им порача на високи владини претставници дека Русија треба да го искористи својот буџет за поддршка на економијата и ликвидноста.