Шокира тврдењето на лидерот на ДНР „АЗОВШТАЛ ПОЛН СО ПЛАТЕНИЦИ ОД АМЕРИКА, АНГЛИЈА И РОМАНИЈА“

Лидерот на самопрогласената Доњецка народна република (ДНР), Денис Пушилин денеска изјави дека во областа на металуршкиот погон Азовстал во Мариупол може да има платеници од САД, Велика Британија, Романија и Канада.

Според него, таа информација бара дополнителна потврда, но сепак може да се презентира, пренесува „Известија“.

Пушилин додаде дека има информации за присуство на „Туркмени од периферијата на Сирија“ во фабриката.

Како што наведе тој, војската на ДНР пресретнала телефонски разговори и радио сигнали во селото Новоселовка, со што е овозможено идентификација на осум платеници од Полска, еден од Мароко и уште тројца од неидентификувани земји.

Руското Министерство за одбрана во саботата ги повика „припадниците на националистичките баталјони и странските платеници блокирани во Мариупол“ да го положат оружјето во недела до 13 часот по локално време, со цел да ги поштедат своите животи.

Меѓутоа, советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, го отфрли рускиот ултиматум, велејќи дека украинските сили ја продолжуваат борбата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа