Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров тврди дека руските сили денеска целосно ќе ја преземат фабриката за челик Азовстал.
Тоа е упориште на украинските бранители во опколеното пристаниште Мариупол.
„Денес, со помош на Семоќниот, целосно ќе го преземеме Азовстал“, рече Кадиров во аудио пораката на неговиот канал Телеграм, пренесува Ројтерс.
Русија претходно ги повика украинските сили и странските борци кои се кријат во фабриката Азовстал да го положат оружјето до пладне по московско време, доколку сакаат да живеат, наведува британската агенција.