Руската економија се стабилизираше, додека инфлацијата е забавена, изјави рускиот претседател Владимир Путин на седница за економски прашања.
„Руската економија продолжува да се стабилизира, инфлацијата забавува, неделниот раст на цените се приближи до нормала, а цените на некои стоки веќе почнаа да паѓаат“, рече тој.
Путин смета дека е важно да се држи под контрола ситуацијата со понудата и побарувачката. Не смееме да дозволиме нерамнотежа.
Тој посочи дека „во сегашната ситуација потребно е да се поддржат домашните компании за да можат да ја зголемат понудата на стоки и услуги, а потребно е и стимулирање на домашната побарувачка, куповната моќ на граѓаните“.
Ефикасноста на економската политика во Русија ќе се оценува според нивото на вработеност и приходите на граѓаните.