„ОБЕЛЕЖЕТЕ ЈА УКРАИНА КАКО ТЕРОРИСТИЧКА ДРЖАВА“ Остра порака од Москва – „Зеленски да преземе одговорност“
– Украина треба да биде означена како терористичка држава сега кога Киев почна да планира убиство на руски новинари и претседателот Володимир Зеленски треба да сноси одговорност – напиша денеска претседателот на Државната дума на својот канал Телеграм, пренесува ТАС С.
Володин рече и дека Киев, откако „почна војна против сопствениот народ, сега цели кон цивили од други земји“.
Тој нагласи дека одговорните за убиството на руските новинари „треба да бидат казнети“ , според ТАС С.
Телевизискиот водител на руската државна радио-телевизија Владимир Соловјов, коментирајќи ги информациите дека постои украински план за негово убиство, изјави дека е директно поврзан со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Претходно Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека во Москва се уапсени „неонацисти кои планирале да го убијат Соловјов по наредба на Киев“.