Еден од најблиските сојузници на Путин, поранешниот руски претседател и премиер и актуелен потпретседател на рускиот Безбедносен совет, Дмитриј Медведев, и се закани на Европа доколку воведе ембарго на рускиот гас и нафта.
„Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери, особено ако се земат предвид најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд дека Европа без руски гас може да издржи најмногу шест месеци“.
„Да бидеме искрени, таа едвај може да издржи една недела“, напиша Медведев на Телеграм.
Претходно, голем број на европски нации веќе прифатија ја ги вршат плаќањата за гасот во руски рубљи.