„ВАКВИ НЕШТА ГИ ГЛЕДАТЕ САМО НА ФИЛМ“ Како Русите го фатија за коса Зеленски во првите часови од војната: „Тоа беше апсолутно лудило“
Зеленски беше пофален ширум светот за неговиот одговор на инвазијата откако првите руски трупи влегоа во Украина. Тој се обрати пред американскиот Конгрес, Светската банка и Греми наградите.
Но, неговата позиција како лидер на земјата под напад од многу помоќен сосед можеше да заврши за неколку часа по инвазијата, според интервјуто за магазинот Тајм.
Зборувајќи со новинарот Симон Шустер, кој помина две недели во претседателскиот комплекс во Киев, Зеленски опиша како руските војници биле блиску до пронаоѓање на него и неговото семејство додека се обидувале да ја заземат владината област во главниот град на првиот ден од конфликтот.
По почетокот на бомбашкиот напад, тој и неговата сопруга Олена Зеленска отишле да им кажат на ќерката (17) и синот (9) да се подготват да избегаат од дома.
– Ги разбудивме. Беше гласно. Таму имаше експлозии, рече тој.