МОСКВА – Рускиот истражен комитет утврди дека САД инвестирале повеќе од 224 милиони долари во развој на биолошко оружје во Украина од 2005 година, изјави претседателот на Истражниот комитет Александар Бастрикин во интервју за Раша тудеј (РТ).
„Утврдено е дека од 2005 година американските инвестиции во биолошки програми во Украина изнесуваат повеќе од 224 милиони долари“, изјави Бастрикин за РТ, пренесува ТАС С.
Тој потсети дека Истражниот комитет го истражува кривичното дело за развој на биолошко оружје за масовно уништување кое го финансираше Министерството за одбрана на САД, како и други организации поврзани со него.