Се појавија ДЕТАЛИ ОД ДВОЧАСОВНИОТ РАЗГОВОР! Еве што му порача Путин на Макрон, го спомна и Азовстал – од францускиот колега побара само ЕДЕН
Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата во Украина и го повика Западот да изврши притисок врз Киев да престане со „злосторствата извршени од украинските сили“, соопшти Кремљ.
Путин истакна дека Русија е се уште отворена за дијалог со Киев и покрај, како што наведе, недоследностите на украинските власти, јавуваат странските медиуми.
Рускиот претседател му рекол на Макрон дека земјите од ЕУ ги игнорираат воените злосторства, кои, како што наведе, ги извршиле украинските сили.
Тој му рекол на Макрон дека Западот може да помогне да се стави крај на „воените злосторства и масовното гранатирање на градови и населби во Донбас“ , што доведува до цивилни жртви, додаде Ројтес.
„Западот може да помогне да се стави крај на овие злосторства со вршење соодветно влијание врз властите во Киев и со запирање на испораката на оружје за Украина“, се вели во соопштението на Кремљ.
Претседателот на Русија го информирал Макрон за „напредокот на специјалната операција за заштита на Донбас“ и евакуацијата на цивилите од фабриката за челик Азовстал.