Не издржаа ни една недела! Бугарија, Словачка, Чешка и Унгарија ќе бараат ослободување од ембаргото на руската нафта
Бугарија ќе бара изземање доколку Европската унија се согласи да изземе некои земји-членки од какво било ембарго на руската нафта.
Ова денеска го изјави вицепремиерот на Бугарија Асен Василев.
„Бугарија, технолошки, може без руска нафта, но тоа значително би ги зголемило цените на горивото. Значи, доколку Европската комисија размислува за исклучоци, би сакале да ја искористиме таквата можност“, изјави Василев во интервју за финансиски весник, пренесува Ројтерс.
Сијарто: Унгарија не може да го поддржи предложеното ембарго на ЕУ
„Унгарија не може да го поддржи предложеното ембарго на Европската унија за увоз на сурова нафта од Русија, бидејќи тоа ќе ја уништи нејзината енергетска безбедност“, изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја Петер Сијарто.
„Бриселскиот пакет санкции предвидува забрана за испорака на нафта од Русија во Европа за прилично краток временски период, во случајот со Унгарија, до крајот на следната година“, рече Сијарто во видео пораката објавена на Фејсбук, пренесува Ројтерс. .