Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните земји.
Тој предупреди дека цената ќе расте секој ден.
Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.
„Разгледуваме различни опции. „Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици, Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена“, рече Песков.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент ги презентираше деталите од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат постепено прекинување на испораката на руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирана производи до крајот на годината.