Почнаа да врескаат европските држави! Без рускиот гас ќе умреме од глад! Драматично предупредување на словачкиот министер за енергетика: Руското нафтено ембарго ќе ја уништи економијата на Европа
Почнаа да врескаат европските држави! Министерот за енергетика на Словачка изјави дека ембаргото за нафта од Руската Федерација ќе ја уништи европската економија, ќе влијае на снабдувањето со енергија не само на Словачка, туку и на Австрија, Чешка и Украина, пренесува РИА Новости.
Претходно вицепремиерот и шеф на словачкото Министерство за економија Ричард Сулик изјави дека Словачка се согласила со предлогот за воведување ембарго на испораките на нафта од Русија во ЕУ, но дека и е потребен тригодишен преоден период.
Според првиот човек на Министерството за енергетика, кој даде интервју за Политика, сегашниот предлог ќе го загрози снабдувањето со енергија на Словачка, Австрија, Чешка и Украина.
– Тоа ќе ја уништи нашата европска економија, нагласи тој.
Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го објави шестиот пакет антируски санкции. Според неа, особено било предложено постепено да се воведува целосно ембарго на нафтата. Во исто време, според портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, предлогот за воведување ембарго на нафта кон Русија го зема предвид фактот дека некои земји од ЕУ, поради неколку причини, се повеќе зависни од руските енергетски ресурси.