Расте конфликтот меѓу Русија и Израел: израелски платеници во Украина се борат против руската армија

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека израелските платеници се борат заедно со ултрадесничарската единица Азов во Украина.

Ова дополнително ги зголеми тензиите во односите со Израел по сугестиите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Адолф Хитлер има еврејско потекло.

 

„Израелските платеници практично се рамо до рамо со екстремистите од Азов во Украина“, изјави Захарова за радиото Спутник.

Азов дојде до израз во 2014 година, кога ултрадесничарските активисти почнаа да се борат против проруските сепаратисти во источниот регион Донбас во Украина, но потоа потпаднаа под команда на украинската армија, потсетува Франс прес.

Тие заедно со украинската армија се борат против руските војници кои на 24 февруари извршија инвазија на таа прозападна земја.

Членовите на Азов се дел од украинскиот отпор во пристанишниот град Мариупол во фабриката за челик Азовстал, кој во вторникот беше нападнат од руските сили.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа