На Пендаровски веќе нема да му текне да прими македонски здруженија од други држави! Вели дека односите со Бугарија се влошиле откако ги примил ОМО Илинден

Шансите за кревање на бугарското вето во јуни се помалку од 50%, вели претседателот Стево Пендаровски.

Вели дека нарушувањето во односите почнало откако ги примил на средба претставниците од ОМО Илинден Пирин. Според Пендаровски, оттогаш бугарската страна се врати на стариот вокабулар.

„Мислам дека Петков бидејќи беше фронтално напаѓан во владата и него му требаше да ја засили политичката референца“, вели Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5.

Претседателот потенцира дека ниту една земја-членка на ЕУ не ги разбира бугарските аргументи.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа