СТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА БРИТАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА НОВО РУСКО ОРУЖЈЕ: „Москва може да не избрише од лицето на земјата со еден удар“
Во последните неколку години Русија ја развива подморницата без екипаж Посејдон, која претставува сериозна закана за западните земји.
Џејкоб Пол го привлече вниманието на фактот дека руската телевизија неодамна зборуваше за последиците од користењето на подводен дрон и дека таму презентираните заклучоци не и се добри на Велика Британија.
„ Дронот Посејдон е способен да создаде огромен бран од радиоактивност од 500 метри што може да ја погоди Британија “, рече Џејкоб Пол.
Пред неколку дена ТВ водителот Дмитриј Киселев зборуваше на руската телевизија за последиците од користењето на Посејдон.
Тој истакна дека ако уредот се користи во близина на британскиот брег, тогаш Обединетото Кралство би можело да биде покриено со огромен радиоактивен бран, кој потоа ќе ја претвори земјата во пустош.
Авторот на „Дејли експрес“ изјави дека, иако се уште не се познати точните карактеристики на новото руско оружје, се чини дека тоа навистина ќе може да носи моќна нуклеарна боева глава.
Посејдон е подводен дрон кој благодарение на својата нуклеарна централа ќе може да достигне брзина поголема од 100 километри на час под вода и со тоа да покрива долги растојанија.