Дали е последица на вакцината? Поранешниот играч на Ајакс, Џоди Лукоки, почина на 29-годишна возраст
Поранешниот играч на Ајакс, Џоди Лукоки, почина на 29-годишна возраст.
Тој имаше договор со Твенте до февруари оваа година, а во последните недели се опоравуваше од повредата на вкрстените лигаменти, кога стигна веста за неговата смрт.
Нејасно е која е причината за смртта на фудбалерот кој настапуваше под знамето на Конго, за што забележа три настапи во сениорска конкуренција.
Договорот на Лукоки со Твенте беше раскинат на почетокот на оваа година, откако беше обвинет за насилство врз девојката.
Тој е осуден на 80 часа општокорисна работа и три години условно во случај на повторување.
Лукоки играше и за Зволе, Лудогорец и Малатија.