Германска порака до Србија преведена на српски: Еден ден ќе влезете во ЕУ, затоа веднаш признајте го Косово и воведете санкции кон Русија…
Пратеникот на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин денеска оцени дека сега е моментот кога Србија треба уште повеќе да се доближи до Германија и ЕУ.
Сарацин во изјава за Танјуг рече дека во Белград допатува со пораките што од самиот почеток ги имаше актуелната влада во Берлин, а тоа е дека сака сите шест земји од Западен Балкан да имаат иднина во ЕУ.
„Сакаме да го охрабриме процесот на проширување, а исто така сакаме јасно да ја покажеме нашата посветеност на берлинскиот процес“, објасни тој.
Сарацин истакна дека покрај тоа, Берлин се надева дека Србија ќе ги исполни нивните очекувања во однос на санкциите против Русија, како што додаде, барем постепено.
Тој посочи дека и Германија ги следи реформите и сака Србија да направи дополнителен напредок и да биде уште подобра во областа на владеењето на правото, медиумскиот плурализам и политичката култура.
На прашањето каков впечаток добил за Србија, по разговорите во Белград, Сарацин рече дека е јасно дека сме на пресврт кога станува збор за „големата политика“, односно надворешната политика.