Целосно пропаднаа санкциите против Русија! Приходите на Русија од продажбата на нафта се зголемени за 50 отсто

Русија од почетокот на годината заработува околу 20 милијарди долари месечно, пишува Bloomberg, повикувајќи се на извештај на Меѓународната агенција за енергија. Приходите на Русија од нафтата се зголемени за 50 отсто.

 

Според Меѓународната агенција за енергетика, извозот на нафта на Русија изнесува околу осум милиони барели дневно.

Организацијата посочи дека испораките ќе продолжат, без оглед на разговорите за можно ембарго на руските енергетски извори и ветувањата на големите нафтени гиганти „Шел“ и „Тотал енерџи“ дека ќе престанат да купуваат руска нафта.

Руските енергетски извори се барани и на азискиот пазар, особено во Индија и Кина.

Аналитичарите посочуваат дека намалувањето на испораките на нафтени деривати од Русија, вклучувајќи дизел, мазут и нафта, ја влоши состојбата на светските берзи.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа