„НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ШТО И НАПРАВТЕ НА СРБИЈА СО КОСОВО! Медведев му одговори жестоко на Западот

Русија не ја интересира дали членките на Групата седум најразвиени земји на светот (Г7) ќе ја признаат промената на украинските граници, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Медведев оцени дека единствено важно мислење на Москва се луѓето кои живеат во тие области, како што пренесуваат медиумите. 

– Не заборавајте на косовскиот преседан, наши западни пријатели – напиша Медведев на својата Телеграма во саботата навечер.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави на прес-конференција претходно во саботата дека министрите за надворешни работи на Г7 никогаш нема да ги признаат промените на границите на Украина.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа