Русија му порачува на Западот: НЕ ЗНАЕТЕ ШТО ВЕ ЧЕКА! Ќе го вратиме НАТО на границите од 1997 година со сите расположливи средства

Враќањето на НАТО на границите од 1997 година е стратешка задача за Русија, која ќе се обиде да го спроведе со сите расположливи средства, изјави пратеникот на руската Државна дума, Олег Морозов.

 

Како што нагласи, еден од начините да се реализира таа задача е да се создадат нови закани за безбедноста на таканаречените „нови“ членки на Алијансата со распоредување ракетни системи во Калининград.

Тој исто така рече дека поради приемот на Финска и Шведска во НАТО, Русија би можела да го покрене прашањето за отфрлање на ненуклеарниот статус на Балтичкото Море.

„Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО суштински ја крши европската безбедносна архитектура“, рече Морозов.

Да потсетиме, Финска и Шведска најавија можност за влез во НАТО по долга политика на воена неутралност. Многу членки на НАТО ја поздравија иницијативата .

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа