– Откако Олаф Шолц дојде на власт, Берлин ги загуби сите знаци на својата независност – оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, во Европската унија само францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да зборува за стратешката автономија на Унијата.
– ЕУ постепено се спојува со НАТО. Згора на тоа, тој не го крие тоа – рече Лавров.