УКРАИНА ПРЕД ДОЛГО ВРЕМЕ ЌЕ БЕШЕ ИСЧИСТЕНА ДА НЕ СЕ ЗАБРАНЕШЕ ПУТИН! Кадиров: Рускиот претседател нареди да се зачува населението и градовите!
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека одамна ќе ја исчистеле Украина доколку Путин не наредил да се зачуваат населението и градовите.
– Ако рускиот претседател не дадеше наредба да се зачуваат населението и градовите што е можно повеќе, одамна ќе ја исчистевме Украина – изјави Рамзан Кадиров на едукативниот маратон на руското друштво „Знаење“.
Тој додаде дека тие се „обединети вооружени сили“ и дека „нема никакви проблеми“. Кадиров ја повтори тезата за „чистење“ на Украина, што често можеше да се слушне од Русија за време на војната.