Францускиот претседател Емануел Макрон ја повтори својата загриженост за ризикот од ширење на украинската војна во околните земји.
– Не може да се исклучи ширењето на конфликтот во соседните земји – изјави денеска Макрон, посочувајќи на „неодамнешните инциденти“ во молдавскиот регион Придњестровје , каде што веќе се стационирани руски војници и каде имаше експлозии, пренесува агенцијата АП.
– Франција останува особено внимателна во однос на безбедносната ситуација во регионот – рече францускиот претседател за време на приемот на претседателот на Молдавија, сосед на Украина. Тој ја пофали помошта што Молдавија им ја дава на бегалците од Украина.
Таа мала прозападна поранешна советска република се соочува со прилив на бегалци од Украина. Макрон ги повика европските лидери да дадат брз прв одговор на апликацијата на Молдавија за членство во ЕУ. Молдавската претседателка Маја Санду ја поздрави „иницијативата“ на Макрон за формирање европска политичка заедница, што, според неа, ќе и овозможи на Молдавија да го „забрза“ пристапувањето во Европската унија , пренесува АФП.