Лукаревска го призна скандалот што го објави ВМРО ДПМНЕ! Поединци во УЈП правеле криминални дејствија и  малверзациите со ДДВ

На 21 јули лани го известивме МВР дека имаме вакви сомневања, а потоа во октомври доставивме уште еден допис за да ги наведеме сите поединости и за даночни обврзници и за дејствија кои се преземаат, какви чекори се прават и понатаму имавме уште едно надополнување на овие две барања, изјави Лукаревска.

Сања Лукаревска, заменик-претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи, смета дека случајот со малверзации на ДДВ од страна на високи функционери, кој го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а кој 10 месеци е во предистражна постапка не е скандал на УЈП, туку незаконско работење на одредени даночни обврзници, јавува 360степени.

Во гостување на ТВ Алсат таа зборуваше за постапката која ја води обвинителството:

– Јас сум горда на тоа што ние алармиравме веднаш штом ги откривме небулозните дејствија од страна на даночните обврзници, затоа не можам да дозволам да се кажува дека станува збор за скандал на УЈП, туку станува збор за скандал со незаконско работење на даночни обврзници што се сопственички поврзани и кои ги менаџира едно исто сметководствено биро – изјави Лукаревска.

Велејќи дека не сака да ѝ наштети на предистражната постапка што ја води обвинителството, Лукаревска не откри дали со овој случај државниот буџет е оштетен за 20 до 30 милиони евра, како што тврдеше опозицијата.

– Станува збор за неосновано даночно побарување, односно нешто што го попречува функционирањето на законот за данок на додадена вредност, во врска со законот за даночна постапка. Се уште не можеме да ја кажеме точната сума на пари, бидејќи откако го утврдивме овој сомнеж кој го имавме, веднаш ги преземавме сите дејствија кои ни се овозможени како инстутиција. На 21 јули лани го известивме МВР дека имаме вакви сомневања, а потоа во октомври доставивме уште еден допис за да ги наведеме сите поединости и за даночни обврзници и за дејствија кои се преземаат, какви чекори се прават и понатаму имавме уште едно надополнување на овие две барања – изјави Лукаревска.

На прашањето дали овој случај досега можеби требало да биде во истражна постапка со оглед на тоа дека се поминати 10 месеци, Лукаревска вели дека станува збор за комплициран случај и дека таквите се подолги и пообемни за работа.

– За ваков тип истраги навистина треба долго време, затоа што станува збор за документација за гледање на други поединости потребни за целата постапка. Така што, ова не може да оди баш набрзина, за да се утврди вистината. Не треба да заборавиме дека овде станува збор за соработка меѓу компаниите и институциите, прво тој јаз треба да го надминеме, тие финансиски истраги се подолги и пообемни. Имаме увид до каде е предистрагата, да оставиме оние што го работат предметот да ја информираат јавноста. Ние бевме само информатори, на некој начин, алармиравме и побаравме помош од институциите кои ги имаат надлежностите за да спречиме вакво даночно незаконско работење – рече Лукаревска.

На прашањето дали во случајот има линии што водат до високи функционери на власта, директорката на УЈП рече дека не може да коментира такво нешто.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа