Заев му се извинил и му се јавил на Стевчо Јакимовски да му честита за победата и газењето над СДСМ во Карпош! Со Заев сме пријатели одамна

Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа, рече градоначалникот на Карпош.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ја искоментира изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев за него од пред седум месеци, кога Заев сѐ уште беше на чело на Владата.

– Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа. Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така. Противниците знаат дека Стевче Јакимовски не е криминалец, не е неспособен, не е глупав, има идеи и потези – рече Јакимовски во емисијата „Само интервју“.

Пред околу седум месеци, додека Заев беше на функцијата премиер, во една прилика изрази чудење за изборот на граѓаните во оваа општина, откако Јакимовски победи на локалните избори.

– Почит кон секој човек, но не можам да сфатам што се случи во Карпош, таму живее интелигенцијата – изјави тогаш Заев.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа