ЛАВРОВ ЈА ИЗНЕНАДИ ЈАВНОСТА: Украина подготвуваше план Б, за малку ќе ги престигнеше Русите и ќе го освоеше цел Донбас!
Украина планира план Б во Донбас за 8 март, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ.
– Она што сега го откривме на позициите на украинската армија, за време на воената операција, потврдува дека едвај стигнавме на време со операцијата која започна на 24 февруари. Зашто, планот Б веќе беше планиран за 8 март. Огромна група на вооружените сили на Украина, која во тоа време, во средината на февруари, беше на линијата на одвојување со Донбас, планираше насилно да ја окупира таа територија – рече Лавров. .
Според министерот, тоа било планирано со најгрубо кршење на договорите од Минск и на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
– Сепак, не се сомневам дека доколку успее планот, целиот Запад би ги проголтал сите овие прекршувања. Како што го голтна занемарувањето на реализацијата на договорот во изминатите осум години – изјави Лавров.