Словачкиот премиер Едуард Хегер упати силно предупредување за иднината на неговата земја во случај Русија да ја победи Украина.
За време на панелот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, Хегер рече: „Ако Украина падне, Словачка е следната.
„Украина мора да победи“, рече Хегер на панелот на кој присуствуваа голем број европски политички и деловни лидери.
Словачкиот премиер ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија и ги повика европските лидери да „престанат да ги компромитираат“ нивните принципи кога се занимаваат со Русија.
„Предолго ги продаваме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Зборуваме за агресивна војна во која масовно гинат луѓе. „Украинците пролеваат крв за нашите вредности, па ние не мораме“, рече Хегер.