Русите го открија американскиот таен план: Еве зошто Америка и дава оружје на Украина и што ќе одземе од нив…

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека САД ја предизвикуваат кризата со храна во Украина.

Таа нагласи дека Русија секојдневно отвора нови коридори за странски бродови, но властите во Киев, всушност, го држат како заложник нивниот екипаж.

 

Претходно американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД и нивните сојузници бараат можност да ја вратат украинската пченица на светскиот пазар за да ги намалат цените на тоа жито.

„Изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден од 10 мај дека е неопходно да се најде можност за извоз на 20 милиони тони жито од Украина се совпадна со потпишувањето на Законот за украински „заем и закуп“. Излегува дека Киев ќе го плати оружјето со пченица. Всушност, самите Американци ја предизвикуваат кризата со храна во Украина, лишувајќи ја од залихи на жито“, објасни таа, пренесе Спутник.

Според неа, САД и ЕУ имаат намера да извезат 20 милиони тони жито од Украина во рок од два и пол месеци, наводно за трансфер во африканските земји и Блискиот Исток со цел да се спречи кризата со храна.

„Меѓутоа, реално, житото се транспортира до европските магацини. „Организирани се железнички, копнени и речни правци за испорака до крајните дестинации во Германија, Полска, Литванија, Романија и Бугарија“, рече таа.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа