Руската армија го заврши прегрупирањето на сите сили над 60 000 украински војници ќе бидат заробени во Донбас
Целосно фијаско на украинскиот напад на областа Керсон – над 200 мртви.
Руската армија става крај на прегрупирањето на сите сили за конечно затворање на мнозинството украински војници на „фронтот Донбас“.
Штом тоа заврши – а ќе биде за ден-два – руските единици кои напаѓаат од правец на Изум и од Лиман ќе продолжат да напредуваат кон југ. Со задача да се спојат со „своите“ кои го туркаат Укре од страната на Попасна или ги заобиколуваат нивните утврдени линии и напредуваат кон север.
Во „северниот котел“ ќе се најдат сите украински единици што го држат Лисичаанск. Соледар, Бахмут, Славјанск и Краматорск. А тоа се 40-60 илјади војници на киевската постмајданска хунта.
За да ја ублажат положбата на својот „котел“, Украинците се обидоа да извршат напад врз областа Керсон, која не само што е под руска контрола, туку и брзо се приклучува на економско-социјалниот систем на Руската Федерација.
Нападнале кај населбата Давидов Брод, со силите на еден баталјон. Русите создадоа илузија дека успешно напредуваат и ги вовлекоа во стапица.
Телата на 201-от убиен украински војник останаа на бојното поле. Уште неколку десетици тела се буквално распарчени и непрепознатливи.
Уништени се и десетици украински тенкови и други оклопни возила.