ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ КИСЕЛА ВОДА И ЧЛЕН НА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ОБВИНЕТ ЗА ДРПАЊЕ ЕВРОПСКИ ПАРИ?

Второобвинетиот, според обвинението, времено ангажиран како надворешен соработник, заедно и по претходен договор со првообвинетата, во временскиот период од почеток на 2019 година до месец април 2020 година употребувајќи факсимил што му го дала првообвинетата изготвил десет обрасци за „каса исплати“ и прикажал невистинити податоци дека наведениот износ на парични средства претставува аванс за негово службено патување, без притоа да приложи соодветна документација пропишана во подзаконските акти. Врз основа на овие обрасци од страна на третообвинетата – благајник во Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност му биле исплатени парични средства во вкупен износ од 943.757 денари.

Третообвинетата, како службено лице, благајник во Националната агенцијаза европски и образовни програми и мобилност пропуштила должен надзор и несовесно постапила при вршење на своите овластувања и должности и со тоа за друг прибавила поголема имотна корист. Таа, обрасците со невистинита содржина ги примила од второобвинетиот, иако немале оригинален потпис на првообвинетата, ниту пропратна документација и спротивно на работните обврски на нејзиното работно место не изготвила благајнички дневник и касов извештај од благајната и на второобвинетиот му ги исплатила паричните средства за наводните службени патувања, се наведува во обвинението.

Со опишаните дејствија обвинетите предизвикале штета на други средства на државата – средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име во вкупен износ од 19.945.731 денари или околу 320.000 евра, при што првообвинетата сторила две кривични дела и тоа кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од Кривичен законик и кривично дело Измама на штета на средства на Европската заедница од член 249-а ст.2 в.в ст.1 в.в чл.22 од Кривичен законик; второобвинетиот сторил кривично дело Измама на штета на средства на Европската заедница од член 249-а ст.2 в.в ст.1 в.в чл.22 од Кривичен законик и третообвинетата сторила кривично дело Несовесно работење во службата од член 353-в ст.2 в.в ст.1 од Кривичен законик, се додава во обвинението.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа