Апокалиптични сцени ширум Македонија, само вака може да се објасни она што се случува на бензинските станици ширум државата откако Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на бензинот и дизелот за неверојатни 9 денари со што цената на бензионот достигна над 100 денари, а цената на дизелот се доближува до шокантните 100 денари.

Граѓаните итаа што поскоро да го наполнат резервораат со што од прилика на полн резероар денес за разлика од утре би заштедиле околу 400 денари.

Сепак луѓето со кои поразговаравме пред бензинските велат дека дотолку не ги загрижува она што се случи денес, туку она што следува бидејќи со ембаргото за нафта од Русија се очекува цените на горивата и натаму да растат.

Со инфлација од 10,5 отсто во Македонија за месеци април како и новиот ценовен шок што ги очекува утре граѓаните кога се очекува цената на лебот да се покачи за 6 денари, а и натаму да расте цената на основните продукти поради тоа што цените веќе нема да бидат замрзнати од страна на Владата, голем дел од граѓаните велат дека не знаат како ќе го минат месецот.