Од СДСМ не смеат да писнат! ДУИ и ГРУБИ ЌЕ ЈА ЛАПНЕ И АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ? Младите загрижени дека се деградира Агенцијата која ги застапува нивните интереси

Со предложената реорганизација, Агенцијата за млади и спорт од досегашниот статус на самостоен орган ќе премине на пониско ниво како орган во состав на Министерство за односи меѓу заедниците, со помалку ингеренции и самостојност во работењето, како и со многу стеснет делокруг на работа, занемарувајќи ги во целост различните потреби на младите.

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) со отворено писмо се обрати до Владата на Македонија изразувајќи длабока загриженост, незадоволство и разочараност во врска со најавената реорганизација на органите на државната управа, со која се предвидува спуштање на Агенцијата за млади и спорт (АМС) на пониско ниво и нејзино приклонување кон Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, каде актуелен министер е првиот вицепремиер Артан Груби.

Со предложената реорганизација, Агенцијата за млади и спорт од досегашниот статус на самостоен орган ќе премине на пониско ниво како орган во состав на Министерство за односи меѓу заедниците, со помалку ингеренции и самостојност во работењето, како и со многу стеснет делокруг на работа, занемарувајќи ги во целост различните потреби на младите. Ваквата реорганизација на органите на државната управа доведува до исклучително деградирање на институциите надлежни за млади, како и потценување на младинските прашања, што дополнително укажува на самата положба на младите во државата, каде наместо истите да бидат приоритет на владините политики, младите се занемарени и се ставаат во заден план“, се наведува во писмото.

Националниот младински совет на Македонија смета дека ваквата реорганизација на државната управа е штетна за младите.

Можеби ќе ве интересира

Воедно како претставничко тело на младите длабоко веруваме дека се потребни реформи во јавната администрација и од таа причина бараме Агенцијата за млади и спорт да прерасне во Министерство за млади и спорт, по примерот на мнозинството држави во Европа. Република Северна Македонија е една од ретките држави во Европа, која ваквиот важен сектор млади го има ставено на ниво на Агенција, наместо на ниво на Министерство за млади“, се додава во писмото.

Националниот младински совет на Македонија бара средба со Владата за да се најдат решенија кои соодветно ќе ги адресираат проблемите на младите и ќе одговорат на нивните потреби. Дополнително, Националниот младински совет на Македонија ги става на располагање своето искуство и капацитети за постигнување на соодветно законско решение за трансформација на Агенцијата за млади и спорт во ресорно министерство, доколку за тоа постои искрена волја од извршната и законодавната власт.

Националниот младински совет на Македонија е претставничко тело на младинските организации во Северна Македонија. Тоа обединува 51 организација-членка, со цел промоција и застапување за младите и правата на младите во Северна Македонија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа